Вести Македонија Топ вести

Пендаровски открива за Топ Тема: Хакерски напади врз министерства и банки од руски хакерски групи сѐ уште течат

Веб страниците на дел од министерствата беа цел на хакерски напади и луѓето работеа со лаптопи кои што ги носеа од дома.

„На пример еве што се случи неодамна во Албанија, каде се тврди дека позади тоа стои Иран, нападот беше толку масивен шти практично целокупната инфраструктура беше исфрлена од строј. Од гранични премини на кои не фунционира пасошот да помине на дигиталната контрола, па на рака запишуваа кој влегува кој излегува, не на сите премини, па се до министерства каде не можеа таа т.н. И-влада, односно електронска влада бе можеше да издаде никаков документ“, рече Пендаровски во Топ Тема на Телма.

  • Кај нас за сега нема таков масивен напад, не значи дека нема да го има, освен овие секторски напади. Да потсетам пред две и пол години ние имавме масивен напад на четири банки во Македонија. Тоа е критична исфраструктура- плати, пензии, промет во стопанството. Истрагата која започна покажа дека тоа се групи, ентитети кои се врзани со Руската федерација. А истрагите за хакерските напади врз министерствата се уште течат и не ништо конкретно, објасни претседателот Пендаровски.

Во видетото овој дел од разговорот можете да го проследите на 49:30

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра – поранешниот градоначалник на Ново Село фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе