Вести Македонија Топ вести

„Огнено“ соочување во Мала Речица

Започна “огненото“ соочување во Мала Речица. Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги прими водачите на „огнената група“ Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети. На маса се барањата за реформа на партијата, односно по три години да се дооформат партиските тела – Централното претседателство и нaјтесното партиско раководство. „Огнените“ преку писмо веќе побараа одлуките во партијата да се носат во партиските органи, а не двоецот Ахмети – Груби.

Незадоволни од работата на министрите „огнените“ бараат смена на првиот вицепремиер и на други министри, како и отчет за досега сработеното во Владата. Од синоќа на групата им се приклучи и експратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи кој во моментов делува независно. Неговата поранешна партија се огради и преку пратеникот Фадил Зендели потврди за МИА дека нема да поднесе интерпелација за првиот Вицепремиер Артан Груби кој е на отстрел на огнените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе