Вести Македонија Топ вести

БЕСА ќе почека со иницијативата за интерпелација на Груби

Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби, изјави пратеникот од оваа партија Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Коментирајќи ја состојбата во Собранието Зендели се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.

-Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално, изјави Зендели.

Пратеникот на Беса смета дека владејачките партии немаат мнозинство во Парламентот и дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.

-Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ не меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики, рече Зендели.

Во изјавата за МИА тој не сакаше да ја коментира состојбата во ДУИ велејќи дека станува збор за внатрешна работа на ДУИ, како и дека пратениците кои се потписници на барањата на „огнената група“ никаде јавно не кажале дека ќе настапуваат самостојно или дека се против политиките на партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе