Вести Македонија

Пратеникот Јован Митрески се сретна со украинската амбасадорка Дир

На 29 септември Амбасадорката на Украина Лариса Дир одржа средба со Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за меѓупарламентарни односи со Украина, Јован Митрески.

Соговорниците го забележаа високото ниво на билатерална соработка меѓу двете земји, особено на меѓупарламентарно ниво. Благодарни сме ѝ на Северна Македонија за непоколебливата поддршка на Украина во нејзиното спротивставување на руската агресија, како и за помошта што ѝ ја дава на нашата држава во сите сфери. Усвоената од страна на Собранието на 3 март оваа година Декларацијата за осуда на воените дејствија на рф, кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, стана исклучително важна манифестација на солидарност со украинскиот народ во првите денови од руската инвазија.

Амбасадорката Лариса Дир: „Денес на Украина повеќе од кога било има потреба од консолидирање на напорите на своите партнери за да го порази агресорот, бидејќи само заедно можеме да го надминеме ова страшно зло. И гласот на парламентарците овде звучи исклучително важно. Сигурни сме дека пратениците во македонското Собрание ќе продолжат да заземаат јасен став во однос на злосторствата на русија против Украина и Украинците. Сепак, ова не е ништо повеќе од продолжување на вековната империјална политика на геноцид врз нашиот народ“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млада инфлуенсерка од Тајланд стана баба на само 34 години

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе