Вести Македонија

ЕСМ: Поради лизгање на земјиште оштетен доводот на ХЕЦ Врбен

Тешка хаварија утрово се случи на доводниот цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово – Ростуше. Огромни количини вода се излеваат надвор од доводот.

Ваквата информација ја потврдија и од ЕСМ од каде велат стручни екипи се веке на терен и се преземаат сите мерки за санирање на штетите на каналот.

– На доводот Горна Радика,поточно Речки канал,како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот,при што дел од водата се излева надвор од доводот. Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен, соопштуваат од ЕСМ.

Хидроелектричната централа Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен.

ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана.

Таа e со вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млада инфлуенсерка од Тајланд стана баба на само 34 години

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе