Вести Македонија Топ вести

Со денови 100 средношколци од општина Могила плаќаат превоз од свој џеб

21 ден над 100 средношколци кои живеат во селата на општина Могила немаат автобуски превоз до своите училишта во Битола. Дел од селата имаат автобуски линии, но учениците плаќаат од свој џеб. Нивните родители се револтирани дека во ваква економска криза се немоќни секојдневно да плаќаат по 250 денари кога тоа е обврска на државата. Се уште чекаат да им бидат вратени парите кои ги дале за превоз минатата година,  додека училиштата и општината си ја префрлаат топката.

  • Ние бараме: нели знаеме дека образованието е бесплатно, како е бесплатно ? Даваме пари, велат ќе ви вратиме. А ако некој има две деца, некој има и три деца, а дали има секој ден 500 денари ?! – Јован Вељановски, родител на ученик од с. Трновци.

За некои ученици посетувањето на наставата е неизвесно доколку се има предвид дека треба да поминат 40 километри за да стасаат во своето училиште, бидејќи до нивното село нема автобус.

  • Кој може да вози по 40 километри дневно, лично да ги вози децата, да појдеш четири пати до Битола и назад, колку треба да одвоиме за да одат во училиште ? Ние ги запоставивме децата, претходно поради пандемијата, а сега од што ? Од невнимание на општините ги запоставивме децата. Кој родител ќе одвои денес 1000 денари за превоз?- Иван Здравковски, жител на с. Чарлија.
  • Дали ќе има линиски превоз со субвенции од општината или поинаку нас не не интересира.  Денес децата да сакаат да одат на училиште нема каде да се качат, нема кој да им даде фискални сметки, бидејќи немаме линиски превоз. Ако ги однесеш со кола немаш фискална сметка, ако одат со таксисти кои најчесто работат на диво пак нема фискална сметка- Борче Бучински, родител и советник во о. Могила.

Според Саботковски, градоначалник на општина Могила тие немаат ингеренции за организација на превозот за средношколците, туку надлежни се МОН и општина Битола.

  • Ние како општина Могила го организираме превозот за основците. Правно и физички не можеме да ги организираме средношколците да ги носиме до средните училишта, тоа е обрска на МОН и општините каде има средни училишта- Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила.

Законската постапка која треба да ја спроведе општината е во тек и истата е започната во законскиот рок веднаш по добивање на податоците од училиштата за бројот на ученици, велат од општина Битола .

  • Општина Битола: Што сe однесува до рефундирањето на средствата, фискалните сметки од учениците за трошоците за превоз, ги собираат училиштата, кои поднесуваат барања до Општина Битола и врз основа на тие барања, Oпштината ги исплаќа парите за превозот на учениците. Општина Битола нема неисплатени средства за превоз на ученици.

Во меѓувреме додека надлежните институции си ја префрлаат вината дел од родителите се заканија дека нема да ги пуштат децата на училиште, јнемаат ниту финансиски средства, ниту време секојдневно да ги носат своите деца на училиште во Битола, бидејќи и тие мора да бидат на работните места.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Палевски Палчо однесен во суд

Дејан Дејан

6 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан- Македонија би можела да добие 900 милиони или милијарда

Дејан Дејан

Боро Марлборо веќе осуден, а им скрои капа на врховен судија и член на Советот на јавни обвинители

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе