Вести Македонија Топ вести

Политичарите да не влијаат врз изработката на новиот ГУП за Скопје

Ова е актуелниот ГУП за Скопје, чиј рок на важење од 10 години завршува на крајот на 2022.

Иако процедурата за изготвување на новиот, кој ќе важи следниве 9 години, започна на крајот на 2019 години, како трипартитен документ меѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање, со неговото финализирање се доцни, вели претседателката на Собранието на Асоцијацијата на архитекти.

ГУП-от треба да ја содржи политичката визија како сакаме да живее Скопје и преку мандатите на партиите, но политичарите не треба да влијаат во неговата изработка.

„Треба политичарите да одолеат на ГУП-от. Тие треба да ја постават визијата за секоја постапка, какви последици носи. И генерално, да прекинат партиите да ги кројат законите, бидејќи ГУП-от е на некој начин закон, по потребите на пријателите, другарите на партиите, инвеститорите“ – вели Искра Јанковска – Михајловска, претседателка на Собранието на Асоцијацијата на архитекти.

Потребна е транспарентност и партиципативност во постапката за донесување на новиот ГУП. Со вклучување на стручни тела и профили кои се занимаваат со животот во Скопје, преку анализи.

“Тоа на што како архитекти цело време инсистираме , како професија, е сите планови , секако и ГУП-от да бидат изработени на база на податоци. Анализи и податоци кои се вистински, реални. Залажувајќи се себе си, утре ќе живееме со многу проблеми“ – додава Јанковска – Михајловска.

Изговор за лош ГУП не смее да биде алиби за местенки на дуповите. Неприфатлива е сегашната ситуација со десетина неусогласени дупови со сегашниот Генерален план.

Потребно е преку новиот ГУП да се артикулира желбата за живот во модерен град.

Тој треба да се гради во корист на граѓаните, а не да бидат приоритет бизнис интересите, дополнува Јанковска- Михајловска.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе