Вести Македонија Топ вести

Вештачењето на трагите треба да даде одговор како настана пожарот во куќата на Даниела од Дојран

Семејството, пријателите, сожителите денеска се простија од 42 годишната Даниела во Дојран и ја испратија на вечното почивалиште со многу неодговорени прашања: како настанал пожарот и како загинала. Дел од овие одговори треба да дадат резултатите од обдукцијата на судска медицина,  кои треба да утврдат како настапила смртта. Од ЈО информираат дека:

ЈО изврши увид на лице место, подигнати се траги кои се дадени на вештачење со цел да се утврди причината за настанување на пожарот. ЈО издаде наредба и за обдукција на телото на починатата, информираат од ЈО.

Очевидци на пожарот вчера за Телма изјавија дека утрото околу 7 часот слушнале женски глас кој вика од правецот на куќата, а следно забележале силен пламен и не можеле да пристапат до објектот кој се наоѓа на рид. Повикале противпожарна служба, но, најблиската е во Гевгелија па било потребо време дури да стигне до Дојран.

Вчера откако пожарот се изгасна, со часови траеше увидот на местото на несреќата. Надлежните треба да увидат каде почнал огнот што го зафати покривот и горниот спрат од куќата. Дали причина е инсталација или некој друг фактор за големата трагедија што однесе и човечки живот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе