Вести Македонија Топ вести

Случајот „Тарифа“ се враќа на почеток поради промена на членови во судечкиот совет

Судењето за Тарифа за злоупотреба при набавка на софтверски систем во ЕСМ против екс директорот Дејан Бошковски и уште двајца раководители на сектори во септември ќе почне од почеток. Еден од судските поротници дал отказ, а друг наскоро ќе исполни услови за старосна пензија. Ова е втор предмет на сјо кој периодов се враќа на почеток поради промена на членови во судечкиот совет.

Како што претходно објави Телма, и предметот за „Титаник 2“ треба во септември се врака на статна позиција затоа што поротник си дал отказ, седум месеци пред да застари делото за екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Според ЗКП дали ќе се изведуваат повторно сите докази и ќе се повикуваат сите сведоци или пак само ке се читаат нивните искази зависи од тоа дали одбраната ќе даде согласност.

За да се запре одолговлекувањето особено во соложените премдети со многу обвинети сведоци и докази познавачите препорачуваат воведување на резервни и судии и поротници, нештп што веке беше неколку пати применето во криивчниот суд за дел од предметите на сјо.

Овие два предмети не се единствените високопрофилни случаи на поранешното СЈО кои биле вратени на почеток поради поротници. Претходно таков беше лсучајот и со ТНТ, Тортура и други. Од тогаш се заговараат законски измени со кои заминувањето на поротниците или судии нема да значи задолжитлено вракање на почеток.

За да се избегнат злоупотреби, Аврамовски посочува дека треба повеќе внимание да се посвети на судиите поротници во процесот на судски реформи но и да се следи нивниот избор и работа.

Судиите поротници ги бира и разршеува судскиот совет а можат да се пријават сите полнолетни државјани кои имаат завршено најмалку средно образование, активно го владеат македонскиот јазик, да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник и да не се постари од 60 години.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе