Вести Македонија Топ вести

Македонскиот судија во Стразбур, обвинителка за гонење на организиран криминал и раководител на прилепското обвинителство на обвинителската листа за пензија

Јован Илиевски, судијата во Европскиот суд за човекови права во Стразбур е на листата за пензионирање на која има 10 обвинители кои ги исполнуваат условите за старосна пензија.

Илиевски е поранешен раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој од таа функција беше избран за македонски претставник во судот во Стразбур.

Илиевски ќе остане на својата меѓународна функција до крајот на мандатот бидејќи европските судии не се пензионираат со тие услови. Кога тој ќе се врати во Македонија директно оди во пензија. Инаку Илиевски додека раководеше со обвинителството за гонење организиран криминал и корупција,  беше во роднински врски со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков чиј баџанак е.

На листата за пензија е и Гордана Смаќоска, обвинител во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција која во моментот го води одделението за гонење на овластени службени лица (полицајци) во ОЈОГОКК.

Во пензија одат и двајца виши обвинители, Мери Тромбева од Вишото обвинителство Битола која раководи со ова обвинителство и Елизабета Ристеска од скопското Вишо обвинителство.

Од најголемото обвинителство, скопското основно, во пензија  одат Имран Османи и Елица Илиевска. Двајца основни обвинители заминуваат и од битолското основно обвинителство, станува збор за Жулиета Карова Бошевска и Сулејман Алијевски. На тој начин битолското обвинителство ќе спадне на само 4 обвинители од кои еден е раководител.

Во пензија оди и Снежана Зафирова со што и кочанското обвинителство ќе остане со 4-ца обвинители. По пензионирањето на Милка Спироска, која сега раководи со прилепското обвинителство, во овој град ќе останат само тројца обвинители.

Пензионирањето односно прекинот на работниот однос на 10-те обвинители помина и беше изгласано на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Советот на истата седница избра в.д. раководители на битолското Вишо и на прилепското Основно обвинителство.

Владеачката коалиција се обиде со измени на Законот за работни односи да го продолжи мандатот на судиите и обвинителите кои заминуваат во старосна пензија за да се овозможи полесно функционирање на правосудството, но опозицијата е против затоа што смета дека владеење на право не се спроведува со непочитување на законите кои имаат за цел да остават на работа како што ги нарекоа партиски судии и обвинители.

Миомир Серафиновиќ

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари возила, ниски плати и недостиг на вработени – Одбележан Денот на пожарникарите

Дејан Дејан

Грција засега не размислува да го раскине Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Нова измама – Граѓаните добиваат лажни пораки дека им следува паричен надомест од Владата во висина од 100 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе