Вести Македонија Топ вести

Судска медицина: Обвинителството верува на мртвопријавителот, а не на институцијата за причините за смртта на струмичанецот Витанов

Наместо да ги слуша вештаците од Судска медицина, обвинителството се потпра врз информации добиени од лекар на кој не му е работа обдукцијата. Вака денеска остро регираат од институцијата за случајот со смртта на струмичанецот Јован Витанов. Од таму тврдат дека нејасно е зошто обвинителството побарало втора обдукција кога имало резултати и од првата и дека тие се идентични со втората. Исто така нејасно е и зошто избрзала со информацијата дека се работи за убиство додека се уште не ни била започната обдукцијата ниту пак истражени причините за смртта на 26 годишното момче.

“Оваа одлука на обвинителството веројатно се темели на недовербата кон нашата Институција и вербата во погрешните информации добиени од страна на мртвопроверителот односно непрофесионалниот изведен заклучок за причината и начинот на смртта формиран врз основа на надворешен преглед. И двајцата не се едуцирани ниту пак имаат знаење да толкуваат повреди и промени особено кога се работи за тело кај кое постојат развиени трулежни промени.

Причината наведена во наредбата за реобдукција (неутврдена причина за смрт веднаш по завршување на обдукцијата) покажува дека ОЈО и колегите кој го прегледале телото немаат елементарни познавања од судска медицина, познавања кој треба да ги има секој обвинител за да може да работи на случаи од ваков тип и познавања кој треба да ги има секој лекар за да може да изврши преглед на мртво тело.

Особено не ни е јасно како може истата вечер да излезат информации во јавноста дека се работи за убиство пред воопшто да биде започната обдукцијата, се вели во соопштението од судска медицина.
Инаку од таму дообјаснуваат дека по пронаоѓање на телото на ден 07.06.2022 година околу 19.00 часот бил извршен увид на местото на настанот од страна на службени полициски лица и јавен обвинител од ОЈО Струмица. При увидот телото било прегледано од страна на лекар мртвопроверител. По наредба на јавниот обвинител истата вечер телото е донесено на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија за извршување на судско медицинска обдукција. На 08.06.2022 година во претпладневните часови на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија извршена е судскомедицинска обдукција врз телото на пронајденото починато лице. Обдукцијата е направена по сите светски стандарди од двајца специјалисти по судска медицина. За време на обдукцијата беше земен биолошки материјал за извршување на токсиколошки анализи и изолација на ДНА профил.

При соопштување на првичните резултати од за нас непознати причини јавниот обвинител нареди да се задржи телото на Институтот за да потоа без никакви консултации со нас нареди да се направи реобдукција од три вешти лица. На 10.06.2022 година направена е реобдукција од тројца специјалисти по судска медицина. Резултатите од обдукцијата и реобдукцијата се идентични односно нема никакви спротиставени мислења на вештите лица”, велат од судска медицина.

На Институтот за судска медицина во тек се токсиколошките испитувања на земениот биолошки материјал. Штом ги добијат резултатите од токсиколошките испитувања надлежниот обвинител ќе биде известен за причината за смрт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе