Вести Македонија Топ вести

Маржите ограничени, трговците ги спуштија цените на основните производи за неколку денари

Трговците на мало и големо почнаа да ги намалуваат цените на основните продукти согласно одлуката на Владата за ограничување на маржите.

Од она што можеше да се види во продавниците засега намалени се цените на оризот, тестенините, лебот и маслото за јадење а цените се намалени за два до седум денари, во зависност од подуктот.

Засега во голем дел од продавниците не се корегирани цените на шеќерот, брашното и млекото но се очекува тоа да биде сторено до крајот на денот.

Намалени цени, пред се на лебот, забележаа и граѓаните кои ги анкетиравме. Сепак тие сметаат дека цените се високи за стандардот во државата.

Од Пазарниот инспекторат соопштија дека нивни екипи се на терен и проверуваат дали трговците ги ограничиле маржите и ги намалиле цените. Досега не откриле прекршок и сметаат дека корекција на цените ќе има секаде во текот на овој ден.

Во организацијата на потрошувачи има се повеќе поплаки од граѓаните околу поскапувањето на цените, различни цени на рафотвите и при наплата на каса, како и одредени артикли кои беа или се повлекуваат од продажба затоа што трговците немаат профит.

Од Организацијата бараат да се укине ДДВ за дел од хигинески и козметички производи.

Владата во вторникот донесе одлука да ги ограничи маржите на основните производи на 5 и 10 отсто, и во трговијата на мало и на големо. Се кратат и дел од оперативните трошоци.

Ова е втор пат како државата носи мерки за превенција од поскапување. Претходните беа слични и важеа до 31 мај,  но откако се укинаа, производите  значително поскапеа, некои и за над 70 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе