Вести Македонија Топ вести

Судењето за белата палата на ВМРО-ДПМНЕ дојде до пресуда

Обвинение без докази поднесено од неовластен тужител кое треба да заврши со ослободителни пресуди.

Ова тврдење со часови го образложуваа во завршен збор адвокатите на експремиерот Груевски кој е во бегство и  екс-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Судењето за Талир два  денеска финишира а судечкиот совет на наредното рочиште ке се произнесе дали се виновни Груевски и Божиновски и дали ќе биде конфискувана т.н Бела палата на ВМРО-ДПМНЕ.

На минатото рочиште обивнителот Љубен Лапе побара казни за осуда за обвинетите но и конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Објаснуваше кои закони ги прекршиле обвинетите и како незаконски се градело партиското седиште.

Одбраната денеска одговараше на сите тези.

Адвокатите потенцираа дека и партијата и градежната компанија

Бетон имале интерес од тој договор и дека нема оштетени.

Се согласуваат со обвинителството дека политичка партија не може да остварува приход од дејност но велат не станувало збор за тоа.

Адвокатите на ВМРО ДПМНЕ не дадоа завршен збор.

Кажаа дека немаат законско право затоа што не биле сослушани претатавници на партијата за време на судењет.

Поради тоа сметаат и дека  судот не смее да го конфискува имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Елена Мукоска Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе