Ковид19 Македонија Топ вести

На инфективните одделенија низ државата се лекуваат вкупно 514 пациенти, 740 слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Министерството за здравство утринава информира дека вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ државата е 514 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намален број на болни, затворени се дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во Скопје, во изминатите 24 часа хоспитализирани се 17 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот во Скопје имало 180 слободни места, а во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти, се очекува да се ослободат и дополнителни места.

Според извештаите од болниците низ државата, во болницата во Битола хоспитализирани се 35 пациенти, во болницата во Штип 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово седум пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 26, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 11, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе