Економија Ковид19

Можноста за уплати за минималец од државна помош истече – следуваат казни за фирмите

УЈП го ажурираше – владата го доби, а сега на потегот е Генералниот секретаријат кој треба да ги испорача казните за фирмите кои не исплатија минималец за плата а добија државна парична помош. 33- ца газди се спасиле со уплати минатиот петок, а последната шанса компаниите ја имале на почеоток од овој месец, иако УЈП ги толерираше со задоцнување од 2,5 месеци, е последниот одговор од управата. Сега 518 фирми чекаат казни, но какви владата не открива, иако се споменуваа и кривични пријави до Јавното обвинителство.

Објавен е ажурираниот список на веб страницата на владата, а правните процедури ќе бидат запазени. Во генералниот секретаријат се работи на изготвување на правните акти, изјавија за Телма од Генералниот секретаријат на владата.

Сега долгот застана на проневерени, односно несиплатени 300.000 евра од фирмите прекршители на помошта, за месец април и мај кон 1.441 работник. УЈП првично објави и дека други околу 3.750 компании на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле 1,5 милиони евра помалку. Од таму списокот ќе оди на проверка во Министерството за труд. Финалниот износ и компаниите ќе се знаат по инспекцискиот надзор од страна на Трудовиот инспекторат. Денеска стаса и опомена од „Транспаренси интернешнл“ во која се наведува дека Македонија е една од 21 држави кои не навеле никакви конкретни антикорупциски мерки и мерки за транспарентност во договорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансиска помош за справување со последиците од Ковид-19.

Најдовме вкупно 47 договори за финансирање без ниедна владина заложба за употреба на фондовите на транспарентен начин. Загрижувачки, во оваа категорија е Северна Македонија. Пред помалку од три месеци, самиот ММФ ја нагласи својата загриженост за владеењето во земјата, а сепак беше одобрен заем без јасна владина заложба за надминување на проблемите, нагласува „Транспаренси“ во анализата.

Од 81 земја кои добиле финансиска помош од фондот на ММФ за справување со пандемијата, 57 имаат „некакви антикорупциски мерки“, 21, меѓу кои и Македонија, немаат антикорупциски мерки или мерките се немерливи и не се конкретни. Покрај експертите и синдикатите кои бараа кривична одговорност за газдите, по скандалот со злоупотребата на државаната помош реагираше и Светската банка. Во одгoвор за „Телма“  беа категорични дека покрај тоа што фирмите ќе треба да ги вратат парите, може да бидат и предмет на истрага од банката, бидејќи во апликацијата се согласиле да ги почитуваат упатсвата за борба против корупцијата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СКСЗМ: Одлуката за враќање на старите цени за полисите е штетна за бизнисот

Дејан Дејан

Вратени старите цени за полисите, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

Дејан Дејан

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе