Вести Македонија Топ вести

Контрола во угостителски објекти, констатирано точење алкохол на малолетници

Во акциска контрола на угостителски објекти на територија на цела држава синоќа полицијата затекнала малолетници на кои им бил точен алкохол. Контролата е спроведена од полноќ до 4 часот утринава во 279 угостителски објекти.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека се констатирани шест прекршоци за присуство на малолетници во угостителски објекти по дозволеното време, две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, девет прекршоци од Законот за регистрирање на готовински плаќања и три прекршоци од Законот за лична карта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски на пат до мнозинство од 65 пратеници?!

Дејан Дејан

Очекувам да ја зајакнеме соработката – Зеленски со честитки до Силјановска за победата на изборите

Дејан Дејан

Случај спортски ваучери-Мојсоски, Каевски и Димевски ќе се јавуваат во судот, но ќе ги задржат пасошите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе