Вести Македонија Топ вести

Предложени нови, повисоки цени на такси услугите во Скопје

Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси компаниите, предложени се измени на цените на такси услугите. Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите ќе ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град, а првиот е на сила веќе 11 години. Која од трите тарифи ќе се применува ќе зависи од тоа дали цената на горивата ќе расте или ќе се намалува, велат од Град Скопје.

  • Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар –  25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари;
  • Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари;
  • Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари.

Тарифите се усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници.Од Град Скопје велат дека при формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори.

Цените во предложените тарифи се оптимизирани со цените на горивата , при што се земени превид и пазарната моќ на корисниците на услугите, пазарните услови, општата економска состојба на државата и финансиската исплатливост во дејноста, соопштија од град скопје.

За предложените нови тарифи на такси-превозот се очекува советниците во Град Скопје да расправаат на следната седница, закажана за понеделник, откако претходната беше прекината.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе