Вести Македонија

Истрагата за М-нав трае, осомничените си работат во контрола на летање

Скопското обвинителство се уште чека одговори од Еуроконтрол за да ја дополни и финишира истрагата за упадот во М-Нав кога 8-члена група предводена од Беким Незири, партискиот функционер на ДУИ нападна контролор на летање во зградата на Мнав во Петровец. Од друга страна осомничените кои се и вработени во М-Нав ги искористија одморите додека беа во притвор и продолжија со одење на работа. Од раководството нема информација за дисциплинските постапки.

Осомничените за упадот во М-НАВ редовно одат на работа во административната служба на контролата на летање додека истрагата за нивното кривично дело се уште трае.

За сите 8-мина осомничени во важност се изречените мерки за обезбедување на присуство, односно ги имаат предадено пасошите, мора да се јавуваат во суд и имаат забрана за меѓусебно комуникација.

Бидејќи мерките им овозможуваат слободно движење, осомничените кои се вработени во М-Нав слободно може да одат на работа откако за време на притворите ги користеле годишните одмори.

Досега М Нав не соопшти ниту дали се водат дисциплински постапки за вработените кои на 4-ти јануари упаднаа во зградата на Кулата на летање во Петровец и нападнаа еден контролор на летање внатре во објектот кој по дефиниција е дел од критичната инфраструктура.

Истрагата е отворена за тешкото кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај за кое е предвидена минимална затворска казна од 5 години.

Скопското обвинителство во рамки на истрагата побара одговори и податоци од Еуроконтрол за денот и за известувањата кои ги добиле од скопската контрола на летање за инцидентот во кулата на летање на аеродромот. По добивањето на одговорите ќе следува и одлука за обвинение.

Од друга страна според веб медиумот Сдк.мк, скопското Вишо Јавно обвинителство сугерирало истрагата да го смени сериозното кривично дело за групата која ја предводеше Беким Незири, шеф на партискиот огранок на ДУИ во Чаир.

И претходно во постапките за притвор за осомничените, Вишото јавно обвинителство му контрираше на пониското скопско обвинителство, а СДК наведува дека Вишото, раководено од обвинителот Мустафа Хајрулахи, сугерирало дека нема доволно докази за меѓународното кривично дело за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај.

Упадот се случи кога синдикатот се побуни против дрската партизација која се спроведуваше во Навигација, во административните служби.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на приведениот врховен судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе