Вести Свет Топ вести

Блинкен по шести пат на Блискиот исток од 7 октомври – овојпат нема да го посети Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во шеста посета на Блискиот исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври лани, со цел да придонесе за договор за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници, соопшти Стејт департментот.

Блинкен ќе оствари средби со лидерите на Саудиска Арабија во Џеда и со египетските во Каиро, со кои ќе разговара за преговорите за прекин на огнот во Газа со посредство на Катар и Египет. Но, и за напорите за доставување на поголема количина на хуманитарна помош за палестинската енклава.

Во агендата на Блинкен овојпат не е предвидена посета на Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе