Вести Свет Топ вести

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис се кандидира за генерален секретар на НАТО

Романскиот претседател Клаус Јоханис соопшти дека одлучил да се кандидира за генерален секретар на НАТО.

„Одлучив да влезам во трката за позицијата генерален секретар на НАТО. Мислам дека НАТО треба да го обнови погледот на својата мисија. Источна Европа има драгоцен придонес во разговорите и одлуките на НАТО“, рече Јоханис пред новинарите, пренесува „Ројтерс“.

Западните медиуми во последните недели пишуваат дека главен фаворит за наследник на Јенс Столтенберг е холандскиот премиер во заминување, Марк Руте. Мандатот на Столтенберг завршува оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе