Вести Македонија Топ вести

Решението за пензионерите мора да биде системски издржано

Пензиите растат, минималните недоволни за пристоен живот. Инфлацијата и економско-енергетската криза ги подјаде и така ниските 12.000 денари со кои треба да се мине месецот. Ова се аргументите и двата пензионерските табори кои меѓусебно се спротивставија како да се решава проблемот со минималните примања на пензионерите. Втора недела во низа, општинските сојузи на пензионери барањата за линерано покачување од 3.500 денари го нудат од улиците, додека сојзуот смирува. Решението мора да биде системско и издржано за да не се нарушува финансиската стабилност на фондот, одново потврди Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на пензионери во синоќешното гостување во дневникот на Сител.

Официјалните лидери на пензионерите чекаат владините претставници да ги завршат одморите и да седнат на маса. Но, Трајкова е на тапет дека со недолична изјава недоволно се залага за правата на пензионерите. Тврди дека во игра се три предлози, но не прифатливо за сојузот е да се наметне законско решение за минимална пензија и тоа изедначена со минималната плата во земјата.

Барањето кое што е алиби на секојдневните протести е по 60 евра за сечија пензија веднаш, линеарно да исплаќа фондот како покачување или 20 милиони евра месечно нов товар на фондот. Во спротивно генерален штрајк на улиците. Од Партијата на пензионерите која учестуваше во носење на претходното решение за процентуален раст на пензиите вели дека ваквиот предлог е финански неодржлив и спротиставен на уставот.

„Граѓанинот плаќа негови пари во зависност од висината на платата и толку и треба да добие во форма на пензија. Изедначувањето на пензиите не е во согласност со уставното право на заштита на правото на сопственост. Парите што странката ги дава во Фондот – тоа се мои пари. Не смееме да одиме во поглед на изедначувања“, истакнува Темелко Ристески Партијата на пензионери.

Предлогот за методологија за утврдување на повисока минимална пензија секојдневно се подрива со изјавите на пензионерите дека со 13.000 денари колку што земаат безмалку 100.000 граѓани не може да се купи лубеница, а зеленчукот е изедначен со тропското овошје. Со кого ќе си подаде рака владата оваа есен засега е непознато. Експертите кои ги следат законските политики на фондот апелираат предлозите да бидат издржани и поткрепени со долгорочни зкаонски решенија, а не ад-хок мерки, повикувајќи се на примерот од оваа пролет. По долгогодишни преговори, сојузот на пензионери и партијата договорија со владата швајцарски модел, односно пензиите да се зголемуваат 50 отсто од растот на минималната плата и 50 отсто од зголемените трошоци за живот, па така пензионерите заклучно оваа есен по 12 месеци добиваат 21 отсто повисоки пензии во 3 наврати. Од над 330.000 пензионери една третина добиват 13.000, приближно минималната пензија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе