Вести Македонија Топ вести

ВИДЕО: Инцидентот пред Комунална во Скопје, полицијата ги турка работниците, тројца се повредени, 4-ца се уапсени

Инцидентот пред Комунална Хигиена кога полициска интервентна единица ги потиснува вработените кои протестираа на блокадата пред капијата на Јавното претпријатие. Потоа полицијата ги пропушти камионите да собираат смет кој од 7-ми јули остана низ главниот град поради протестите на вработените по серија откази и неисполнување на барања за подобри услови за работа.

Повредени се тројца работници, приведени се 4-ца. (ДОДАДЕНО НА 10.07.2023.- Од МВР соопштија дека нема приведено демонстранти туку се земани податоци за да им се пишат прекршочни поднесоци за јавен ред и мир).

Директорката на Комунална обвини за узурпирање на претпријатието.
Повеќе за состојбата со сметот, исфрлениот отпад пред Дрисла и политичките препукувања- кој е поголемо “ѓубре” и кому треба да му се “испита деловната способност” на веб сајтот на ТВ Телма.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе