Вести Македонија Топ вести

Јахја во „Топ тема“: Се изготвуваат нарачани вештачења и тоа ни прави сериозен проблем во пракса

Можни се разни форми на влијанија, софистицирани, директни, индиректни, преку изземања, преку распоредите, итн. и сите тие се споменати во самата анкета на ОБСЕи идентификувани од колегите судии, изјави Бетим Јахја, судија во Основниот суд Тетово, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Колегите судии ги идентификувале изземањата и распоредите како корупциски ризици. Начините се знаат. Начинот на утврдување на годишниот распоред е утврден со закон. И тоа е овластување на претседателот на судот. Исто така и со судскиот деловник. Распоредот се составува по претходно добиено мислење од судиите во одредени области. Покрај судиите, се определуваат и заменикот на претседателот, односно на судот, па и носителите на некои позиции во самите судови, како на пример раководителите на посебни одделенија. И сето тоа е законски регулирано. Меѓутоа, корупциските ризици во тоа се гледаат од таквата диспозиција, апсолутна би рекол на претседателите во таквото составување, изготвување на распоредите или изземањата“, вели Јахја.

Проблемот со вештачењет, според Јахја, е утврден како факт и од колегите судии, како кривичари, така и граѓански судии..

„Сериозни проблеми во пракса имаме со вештачењата. Значи, се изготуваат т.н. нарачани вештачења и тоа ни создава проблем. Секоја странка, ако јавниот обвинител доставува, на пример, едно сообраќајно вештачење, на пример за сообраќаен деликт, одбраната доколку не е задоволна, донесува или предлага да се изнесе како доказ некое спротивно вештачење на вештачењето на јавниот обвинител. И во тој случај, судот може да биде приморан, или по предлог на странките или по службена должност, да определи супервештачење“, истакна Јахја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе