Вести Македонија Топ вести

Одбиено барањето за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

Судечкиот совет во Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето за амнестија во случајот познат во јавноста „Организаторите на 27 април“.

Одлуката ја донесе совет на чело со судијата Илија Трпков, во кој е и судијката Дијана Груевска-Илиевска, како и тројца поротници. Барање за амнестија според законот донесен во 2018 година поднесоа сите четворица обвинети во случајот: поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие барањата ги поднесоа на почетокот на повторениот судски процес во кој се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста откако Апелацискиот суд Скопје ја укина претходната пресудата на Кривичен, а како една од причините беше што недоволно биле разгледани односно занемарени приговорите во претходните барања за амнестија.

https://youtu.be/hd2FWHIWDMU

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе