Вести Свет

Кенија под вода, над 100 загинати, а се трага по уште жртви

Во Кенија ќе се продолжи распустот до шести мај, поради големите поплави кои однесоа голем број на жртви. Обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега, однесоа речиси 100 животи.

Според податоците досега, 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми, откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса. Црвен крст во Кенија, соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, а десетина се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во несреќата се поплавени 100 училишта. Обилни дождови траат од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови поројни врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во Најроби, каде беше поплавен и аеродромот. Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите. Тамошниот претседател Вилијам Руто, побара од Националната служба за млади, да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите, со цел да можат поефективно да се справат со ова природна катастрофа.

Слична е ситуацијата и во Танзанија, каде се пријавени 155 загинати, додека повеќе од 200.000 се погодени во соседен Бурунди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Катимерини: Атина ја чека новата влада во Скопје за да види каде ќе одат соседите

Дејан Дејан

Жалби по изборните приговори, прва средба на работните групи на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Дејан Дејан

Пламнаа 30 јахти, една во просек чини околу 150.000 евра – голем пожар во пристаниште во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе