Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Само политичка опција од која тој е дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, истакна денеска кандидатот за претседател, Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.

Според Пендаровски, опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

„Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум – осум години, а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тогаш во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамноправни или нема да има среќа за никого“, рече Пендаровски.

Пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери, што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика каква била нивната определба.

„Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинаку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на 8 мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава“, рече Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничени се три лица од Тетово поради сомневање за украдени 600 илјади евра од ФЗО

Дејан Дејан

Властите во Приштина му забранија на поглаварот на Српската православна црква да влезе во Косово

Дејан Дејан

УКИМ во 2019 година на 1814 место, оваа година на 1990 место на листа најдобро рангирани светски универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе