Балкан Вести Македонија Свет

Дипломатската потсекретарка на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Заменик секретарката за дипломатија Елизабет М. Ален ќе допатува во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово во периодот од 12 до 20 мај. Целта на нејзината посета е да се зајакнат врските и партнерствата со земјите од Западен Балкан, но и да се унапредат заедничките видувања за регионална соработка и европска интеграција на државите членки.

Според потсекретарката, потребно е нагласување и ширење на демократските вредности меѓу луѓето од Западен Балкан со цел да се заштити општеството од штетни влијанија.

Ален по пристигнувањето во Скопје ќе се сретне со Експертите за странско малицизно влијание. Во однос на културната различност и наследство потсекретарката Ален, ќе го посети античкиот римски форум во ,,Стоби”, каде Американската влада има дадено поддршката преку Фондот на амбасадорите за зачувување на културата. Фондот се стреми да помогне да се зачува едно од највредните археолошки локалитети во Северна Македонија. Таа ќе разговара и со локалните партнери за потенцијални можности на проектот за понатамошно проширување на економскиот развој, туризмот и меѓучовечките врски.

Во Србија, главната цел на потсекретарката е да разговара за можностите на Србија да се прошират меѓудржавните врски, но и да се забрза процесот на Србија, кон нејзиното пристапување кон ЕУ. Таа за време на посетата ќе учествува на неколку настани, од кои на еден ќе ги додели годишните награди на Независното здружение на новинари на Србија за истражувачко новинарство.

Во Сараево, Ален ќе оствари средба со студенти кои учествуваат во програмата за лидерство, англиски јазик и американската демократија (LEAD). За време на престојот во Босна и Херцеговина, потсекретарката за дипломатија на САД ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница, каде ќе им оддаде почит на жртвите на геноцидот.

Претставничката на американската дипломатија во Косово ќе оствари средба со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти. На состанокот ќе се разговара за евроатлантските интеграции на земјата, но партнерствата меѓу двете земји. Ален во програмата има за цел да ги посети и припадниците на американската војска, кои се дел од мировната мисија на силите на НАТО (КФОР) во кампот Нотинг Хил, а целта ќе биде нагласување на посветеноста на Соединетите Држави за стабилноста и безбедноста во тој регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе