Вести Македонија

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општините Свети Николе и Ново Село стануваат дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во рамки на кампањата, во основните училишта под нивна надлежност ќе се одржат работилници за булинг овозможени од „Макпетрол“, а кои што ги предводи психолог со опсежно искуство со проблемот.

Компанијата и двете општини потпишаа меморандуми за соработка. За учениците, како и за наставниците, стручните служби, но и за родителите, ќе биде испечатен и доставен и едукативен материјал.

На општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ досега се приклучија 23 општини. Покрај Свети Николе и Ново Село, од почетокот на 2024 дел од „Крени глас против врсничко насилство“ станаа и Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. До крајот на минатата година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

За сите 23 општини што досега се приклучија на општествено одговорната кампања „Макпетрол“ овозможи работилници и едукативни материјали. Образовните средби, наменети за учениците, но и за стручните служби, веќе се комплетирани во дел од општините. Во останатите или моментно се во тек или ќе бидат завршени во периодот што следува. Работилниците обезбедуваат подетално запознавање со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг, но и начините како со нив учениците да се справуваат. Психолозите и педагозите, како и наставниците, овие знаења потоа можат да ги применат во редовната настава.

Во рамки на општествено одговорната кампања, „Макпетрол“ го овозможи создавањето на интернет-страницата kreniglas.mk. Овој вебсајт функционира како платформа на која што се достапни голем број информации за врсничкото насилство. Неговата примарна цел е едукација на сите страни што на некој начин се засегнати од булингот. Исто толку значајно е што интернет-страницата обезбедува можност и за анонимно споделување лични искуства поврзани со овој сериозен проблем.

„Макпетрол“ реализира еден од своите стратешки приоритети со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, а тоа е општествената одговорност. Булингот е појава што може да остави долготрајни последици и кај децата и кај младите, односно да влијае врз нивниот понатамошен развој. Креирајќи ја оваа кампања, „Макпетрол“ гради платформа за поддршка и во иднина ќе работи на создавање можности преку кои младите генерации ќе можат да ги исполнат своите потенцијали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе