Басиру Диомај Фај стана петтиот претседател на Сенегал ветувајќи системски промени во државата, а новост е дека во претседателската плата ќе живеат две „први дами“ откако новиот претседател одлучи да не ја прикрива полигамијата.
Фај ја положи својата заклетва пред стотина сенегалски официјални лица и лидери на други држави од регионот. 44 годишниот Фај е најмладиот претседател на Сенегал, а до пред само 3 недели беше затвореник.
Во краткиот говор по дадената заклетвата Фај изјавил дека е свесен оти неговата голема победа на 24 март во првиот круг од претседателските избори покажува голема желба на населението за системски промени.
Сенегал под мое лидерство ќе биде земја на на надеж, мир со независно правосудство и поголема демократија, изјавил Фај.
Фај го наследува Макија Сала (62) кој што 12 години беше претседател на Сенегал одржувајки одлични односи со западот и Франција. Новиот претседател е муслиман кој има две сопруги а и двете беа присутни на неговата инаугурација.
Фај е и првиот претседател на Сенегал кој што се одлучил да не ја крие полигамијата.