Вести Култура

Литературата за деца бара искреност и следење на современите трендови

Во последниве години Македонија бележи огромен пораст во креирање литература за деца од автори кои можеби претходно биле повеќе ориентирани кон други книжевни жанрови, во исто време се забележува и пораст на млади автори,  дебитанти кои што се охрабрија да творат за деца, велат македонските автори на Светскиот ден на литературата за деца.

Радува фактот дека во изминативи години сведочиме на многу нови автори за деца и издавачки куќи кои промовираат нови изданија, се пишува на македонски јазик, се преведуваат дела од светски автори, но и помали јазици, привлекувајќи го вниманието на најмладите, согласни се македонските писатели, преведувачи  и проследувачи на литературата за деца. За Ана Голејшка -Џикова, треба да бидете инвентивни во пристапот за да ја доближите книгата до едно дете, затоа што самата книга е комуникација која би требало да отвори нови видици.

Во моето пишување гледам тоа да е со некоја кратка форма, да има рима, кога размислувам на тоа дека детето треба да чита или да му се чита да биде тоа певливо, едноставно и да пренесе порака која ќе биде есенција од темата која што јас ја работам или пишувам. И најважно од сѐ е да нема никогаш калкулација, децата многу свесно влегуваат во светот на читањето, значи слушаат ги интересира и ако почусвуваате дека вие нешто тука измислувате, а не им годи веднаш тоа ќе го сфатат и ќе изгубите драгоцен читател- Ана Голејшка- Џикова, авторка на книги за деца.

Современите, млади автори на книги за деца кај нас не само што творат, туку и ги следат светските трендови кои што во моментов се актуелни во книжевноста, вели Црвенковска. Во светски рамки се бара похрабар пристап во книжевноста за деца,  и тоа не се однесува само темите кои што се обработуваат и приказните кои што ќе се пишуваат, туку храбар пристап и во илустрацијата, додава таа.

Во принцип не се бараат книги кои се само забавни, весели, со хумор, туку книги кои ќе пренесат подлабока порака, кои во исто време ќе се обраќаат и до родителите, дури некогаш пораката ќе биде повеќе насочена кон родителите. Тоа се обично инклузивни книги, книги кои зборуваат за прифаќање на различностите, кои зборуваат за булинг, за губиток, за климатските промени, за сите теми кои се денес актуелни. Но исто оној храбар пристап во илустрација, дека сега веќе книгите за деца треба да бидат уметност сама по себе- Билјана Црвенковска, главен уредник во издавачка куќа „Чудна Шума“.

Литературата за деца бара сериозен пристап, тоа го докажуваат саемите во светски рамки, кога се наградуваат илустратори кои се врвни уметници. Сепак според Црвенковска, која е авторка на повеќе книги за деца, кај нас сеуште се прават компромиси во тој сегмент, па се соочуваме со мала недоверба кога треба да се промовираат книги со малку потешки теми и со илустрации кои се нестандардни за она што ние го имаме тука. Факт е дека има уметници кои ги прават тие први чекори за нештата да бидат поинакви, додава Црвенковска.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе