Вести Свет Топ вести

Кенеди Помладиот: Бајден е многу поголема закана за демократијата од Трамп

Џо Бајден претставува многу поголема закана за демократијата од поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, рече независниот кандидат за претседатеол на САД, Роберт Кенеди Помладиот во интервју за „Си-Ен-Ен“. Тој истакна дека Бајден е првиот американски претседател кој ги користел федералните агенции за цензура на своите политички ривали.

„Претседателот Бајден е многу поголема закана за демократијата. Причина за тоа е затоа што претседателот Бајден е првиот кандидат, првиот претседател во историјата кој ги користел федералните агенции за цензура на политички говор и цензура на свои противници“, рече Кенеди.

„Можам да зборувам за тоа, бидејќи добив случај на сојузниот апелационен суд, а потоа и на Врховниот. И овој случај покажа дека почнал да цензурира не само мене. Само 37 часа по положување на претседателската заклетва, веќе ме цензурира“, изјави Кенеди Помладиот.

„Најголема закана по демократијата не е човек кој ги доведува во прашање резултатите од изборите, туку претседател на Соединетите Американски Држави кој ја користи својата претседателска моќ да ги принуди компаниите на социјалните медиуми, како Фејсбук, Инстаграм, Твитер да отворат профил и да овозможат пристап на ФБИ, ЦИА, ИРС, Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност и Националниот институт за здравје да ги цензурираат неговите политички критичари“, вели Кенеди Помладиот.

„Претседателот Бајден е првиот претседател во историјата кој ја искористи својата моќ над Тајната служба да скрати заштита на еден од своите политички противници од политички причини, ја користи федералната агенција како оружје, ова се навистина сериозни закани за нашата демократија“, истакна Кенеди Помладиот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе