Вести Спорт

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Продолжува домаинацијата на Јокиќ во НБА лигата откако вчера беше по трет пат одбран за МВП.

Скромноста на Јокиќ и овој пат одекна и ја шокираше американската јавност.

Додека најголем број од кошаркарите се воодушевени и не успеваат да ги сокирај импресиите од освоената престижна награда, Србинот се потсети на претходната сезона во која МВП наградата во регуларниот дел од сезоната му припадна на Џоел Ембид, а подоцна тој го освои првенството.

-Да бидам искрен повеќе ми се допадна претходната сезона кога не ја освоив МВП наградата, но го освоив првенството.

Српскиот центар добива честитки од сите страни, но има и такви кои сметаат дека асот на Денвер не ја заслужи големата награда за оваа натпреварувачка сезона.

Најгласен од нив е легендарниот центар Шекил О’Нил, кој како стручен аналитичар за телевизијата ТНТ Спортс изјави дека ова признание според него требало да заврши во рацете на Шеј Гилџес Александер од Оклахома Сити тандер.

-Не би сакал да ја расипувам среќата на другите, но морам да кажам дека Шеј го заслуќи ова признание. Никола Јокиќ е убедливо најдобриот центар во лигата, но мислам дека сезонава МВП награда ја заслужи Гилџес Александер. Тој имаше 50 меча со најмалку 30 поени, неговиот тим беше прв на табелата. Јокич нека не ми се лути, знае колку го почитувам и среќен сум поради него, но ако јас бирав, наградата ќе ја добиеше Гилџес Александер.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе