Вести Свет

Експлозив во икони и црковен прибор – Русија спречила шверц од Украина, товарот транзитирал низ земји на ЕУ

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) спречила шверц на експлозиви од Украина, во транзит преку земји членка на Европската умнија (ЕУ), соопшти ФСБ.

Како што се наведува во соопштението, при преглед на возило на меѓународниот контролен пункт „Убилинка“ (регион Псков летонско-руски дел од државната граница) е откриен експлозив од странско производство во увезена серија на православни икони и црковен прибор.

„Во товарот што патувал на релација Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Летонија – Русија се откриени 27 импровизирани експлозивни направи, камуфлирани во икони и подготвени за употреба – 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќ, 91 електричен детонатор и делови од куршуми за РПГ-7“, информира ФСБ.

Приведено е едно лице кое осомничено за извршување на кривично дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Путин го разреши министерот за одбрана Шојгу

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе