Вести Свет Топ вести

Историски пораз на партијата на Ердоган на локалните избори

„Историска победа“, „Демократијата победи“, „Силна порака од гласачките места“, ова се дел од насловните страници на денешните весници во Турција. Порази во Истанбул, Анкара, Измир, Анталија но и во други големи градови за Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По четвртина век победи на изборите на кои тој бил кандидат или лидер, вчерашните локални избори се негов голем изборен пораз. Сумарните резултати покажуваат дека клучните победи во големите турски градови ги однесе опозицијата иако не беше обединета и настапи со посебни кандидати.

  • Да бидам искрена, се разбудивме во добар ден. Верувам дека исходот ќе биде корисен за нашата земја. Сите живееме на иста земја. Сигурна сум дека секој ќе направи се што може за нашата среќа, за нашиот мир, вели Ајше Поплата, поддржувач на опозицијата.
  • Гласав за владејачката партија, но победи другата страна. Нека биде добро за земјата. Не можеме ништо да направиме околу тоа, вели граѓанин, поддржувач на АКП.

Особено, болен за „султанот“ Ердоган е поразот во родниот град, најголемиот град во Европа, Истанбул. Тој е на власт повеќе од две децении, беше многу ангажиран во кампањата во Истанбул каде беше градоначалник во 90-тите, но тоа не му помогна на кандидатот на неговата партија.. Продолжуваме „напред со полна брзина“, ја отворивте вратата за нова иднина им рече на граѓаните реизбраниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу.

  • 31 март 2024 година е денот кога завршува демократската ерозија во Турција, а демократијата повторно почнува да расте. Мои сограѓани, денес срцето на демократијата чука во Истанбул низ целата држава. Значењето на демократската победа е големо, особено за нашето блиско опкружување. Оние кои се несреќни и угнетени под авторитарни режими, денес ги свртеа очите кон Истанбул, рече Екрем Имамоглу, градоначалник на Истанбул.

Мансур Јаваш, градоначалникот на главниот град на Турција, Анкара, го задржа своето место со голема разлика. Илјадници граѓани се собраа пред градското собрание на Анкара за да ја прослави победата.

  • Почитувани жители на Анкара, ги повторувам фразите што ги користев кога победивме на изборите во 2019 година. Ние не ги гледаме овие изборни резултати како победа. Нема непријател против нас. Сите ние сме чесни членови на оваа земја, овој град. Нашиот политички

ставовите може да се разликуваат. Нашиот поглед на светот може да биде различен. Но, сега изборите завршија. Ќе ги симнеме нашите значки и ќе продолжиме да им служиме на шест милиони жители на Анкара без дискриминација, рече Мансур Јаваш, градоначалник на Анкара.

Ердоган го призна изборниот неуспех во говорот одржан од балконот на претседателската палата рече дека ќе ги анализираат резултатите, ќе ги бараме причините за поразот и ќе ја почитуваат волјата на народот.

  • 31 март не е крај за нас, тоа е всушност пресвртница. На локалните избори на 31 март турската нација уште еднаш ја искористи гласачката кутија за да ги пренесе своите пораки до политичарите. Без разлика на резултатите, победник на овие избори е пред се нашата демократија, рече Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Околу 61 милион луѓе, вклучително и повеќе од еден милион луѓе кои првпат гласаа, имаа право да гласаат за сите општини на метрополите, градоначалниците на градовите и областите. Излезноста беше околу 76%, , во споредба со 87% минатата година.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европол хакиран.Хакерот објави дека продава поверливи документи

Дејан Дејан

Поплави во Индонезија најмалку 37 мртви и 17 исчезнати

Дејан Дејан

Најмалку 20 демонстранти приведени во Тбилиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе