Вести Свет

Кина најави поддршка за новата нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Кина денеска ја најави својата поддршка за новата нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) со која се бара „итен“ прекин на огнот во Газа.

Новата нацрт-резолуција е предложена откако Кина, како и Русија, стави вето на предлогот на американската резолуција.

Кина ја поддржува оваа нацрт-резолуција и ја поздравува напорната работа на Алжир и другите арапски земји во тој поглед. Се надеваме дека Советот за безбедност ќе го одобри тоа што е можно поскоро и ќе испрати силен сигнал за прекин на непријателствата, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.

Гласањето, кое беше закажано за завчера, беше одложено за денеска за да се избегне нов неуспех.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе