Вести Македонија Топ вести

Струшкиот градоначалник Мерко на обвинителна клупа поради директорка на школо

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој беше имун на кривични постапки до ставањето на црната листа на САД, доби уште едно обвинение, овојпат за несовесно работење во службата. Обвинителството го гони затоа што во јануари 2022-ра година во основното училиште во Лабуништа поставил директорка која немала соодветни дипломи.  Тоа беше јавна тајна, а Антикорупциска комисија покрена кривична иницијатива за назначувањето на директорката. Истрагата заврши со обвинение за Мерко.

  • Донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот. Така,  обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси, соопшти обвинителството.  

Градоначалникот Мерко не се јавуваше за реакција, ниту на телефон ниту на другите комуникациски апликации. Со делото за кое се гони, законот предвидува казна помеѓу 3 месеци и три години затвор. Лани во август, ДКСК објави дека директорката била назначена пред да заврпи факултет,  а факултетскја диплома добила на Универзитетот кој е во приватна сопственост на градоначалникот Мерко.

Против Мерко неодамна беше поднесено и обвинение за набавката на луксузното ауди од речиси 70 илјади евра. Мерко, избран како кандидат на ДУИ, веќе трет мандат е градоначалник на Струга. Лани во јуни беше првиот партиски функционер од серијата назначувања на црната листа на САД кои се уште траат. Причината беше влијание врз судски одлуки и правосудниот систем.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонците потрошија 573 милиони евра во 2023 година на Интернет пазарењето

Дејан Дејан

Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија

Дејан Дејан

Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе