Вести Македонија

Министерот Тошковски реагира на ”шерифското” однесување на техничкиот премиер Џафери во СВР Тетово

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, се огласи на фејсбук коментирајќи го видеото на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери во СВР Тетово на повисок тон им се обраќа на вработените во една од канцелариите.

Тошковски истакна дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност.

-Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е недозволиво, несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот за време на извршување на работни задачи, токму како припадник на министерството за внатрешни работи. – истакна техничкиот министер за внатрешни работи.

Полициски синдикат: Да не се злоупотребуваат институциите во политички кампањи

Тошковски смета дека техничкиот премиер должи извинување за ваквото однесување, и дека во иднина треба да се воздржи од вакви постапки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе