Вести Македонија Најважни

Полициски синдикат: Да не се злоупотребуваат институциите во политички кампањи

Синдикатот на полицијата апелира да не се злоупотребуваат полициските службеници за предизборна кампања, додека стручњаците велат со вакви потези на политичарите тие сакаат да демонстрираат посветеност кон граѓаните за да соберат политички поени. По ненајавената посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово, од синдикатот велат дека никој не му брани да влегува во институцици, но нагласија дека таму не треба да се води политика и побараа од министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

Ова следува откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово, а од видеото што беше објавено се гледа како тој со повисок тон им се обраќа на  вработените во една од канцелариите и бара информации за нивното присуство а за тие што не работат во таа канцеларија вели да ја напуштат.

Јавно извинување од техничкиот премиер Талат Џафери побара техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Ниеден вработен во државен и приватен сектор не заслужува на ваков начин да биде третиран од далеку повисок во хиерархија раководен субјект, а камо ли пак од страна на технички премиер во Владата на Македонија. Добив голем број на поплаки од полициски службеници за односот на техничкиот премиер, вели за Телма ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ  МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ.

Според стручњаците кои ги контактираше Телма нема ништо спорно во тоа што техничкиот премиер влегол во службите на СВР Тетово, но со објавување на видео-снимката го прекршил членот 152 од кривичниот законик околу неовластено снимање на службени простории.  Додаваат дека техничкиот премиер ја претставува Владата и преседава со седниците на Владата и тој нема извршни или надзорни надлежности сам да врши надзор над работата на службени лица, уште помалку да влезе во службени простории на МВР.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Генералштаб на Украина: Го уништивме ракетниот брод „Циклон“ на Крим

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе