Вести Македонија Топ вести

Укинат притворот за шест од 11-те осомничени за упадот во М-НАВ

Судии на претходна постапка ги укинаа мерките за притвор за тројца осомничени за упадот во М-НАВ и им определија мерки за претпазливост. За други тројца осомничени ја укинаа мерката куќен притвор.

Одлуката доаѓа по барање на јавен обвинител, кој доставил предлог за укинување на мерките за шестмината осомничени за кривичното дело „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, поврзани со случувањата од 4 јануари во М-НАВ.

Група од вкупно 11 луѓе предводена од советникот на директорот на М-НАВ и функционер на ДУИ, Беким Незири нападнаа контролор во контролата на летање на скопскиот аеродром. Инцидентот во М-НАВ донесе промени во раководството и за директори беа назначени Хекуран Асани и Милан Кораќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе