Вести Македонија Топ вести

Продаваат храна и рачно изработени предмети – скопските средношколци собираат пари за лекувањето на Леонид

Леонид со тешка повреда, татко му бара спас. Откако го одбиле институциите, очајно спасот продолжил да го бара кај народниот правобранител. Терминологијата го забавил процесот на лекување на младото момче, а законските и подзаконските акти во државата предвидуваат лекување, а не рехабилитација на товар на ФЗО, вели заменик народниот правобранител Јован Андоновски.

Државата со полициски хеликоптер и лекарска придружба го транспортираше Леонид на лекување во Виена, но државниот Фонд одби да му го плати третманот. Сега останува милоста на граѓаните да ги соберат средствата за помош на младото момче.

На стручен колегиум на народниот правобранител ќе предложам ние како народен правобранител заедно со стручната служба да изготвиме измени на законот и на подзаконските акти и да им ги доставиме на ФЗО и да им ја олесниме работата. Да се цени сепак спецификата на случајот, а не да се оди само по строга дефиниција на тоа што е лекување, а што рехабилитација. Затоа што сме свесни дека кај нас за жал во здравствениот систем имаме многу услуги кои што не се достапни за граѓаните, изјави Андоновски. 

Со пораки и желби за побрзо оздравување, но и продажба на храна и рачно изработени предмети учениците од сите средни училишта собираат средства за помош на лекувањето на нивиот другар Леонид.

Од ФЗО претходно соопштија дека одлуката е донесена затоа што според нив станува збор за рехабилитација, а не лекување на Леонид. Барањето за помош од младото момче ја отфрлиле согласно Законот за здравственото осигурување и одредбите од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство. Таткото на Леонид најави жалба на оваа одлука која го ризикува животото на неговиот син, а најави и кривични пријави за лекарите кои го одбиле неговото барање.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе