Вести Македонија Топ вести

Нови четири хоспитализирани деца, уште 28 случаи, над 12.000 деца со пропуштена вакцинација – ИЈЗ со нов неделен извештај за голема кашлица

Нови 28 случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 16 до 22 февруари. Најголем дел од нив се пријавени во Скопје, случаи има и во Тетово, во Куманово и во Струга. Четворица од пациентите се хоспитализирани – три деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен вечерва.

Возраста на заболените се движи до 47 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца под една година и од 10 до 14 години. Годинава во ИЈЗ се регистрирани вкупно 67 случаи на голема кашлица, со инциденца од 3,6/100 000 жители.

Од вкупниот број на регистрирани случаи – 67,61 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани, согласно возраста или од последната доза – кај комплетно вакцинираните, поминале просечно повеќе од 11 години од последната примена доза или нема доказ за вакцинација.

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 12.639 деца пропуштени за вакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе