Вести Македонија Топ вести

Апелациониот суд ја одби жалбата на Ѓорчевски, таткото на убиената Вања

Апелациониот суд денеска  ја одби жалбата на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања за укинување на мерката притвор. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.

„Апелациониот суд Скопје, жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди Решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, соопшти судот.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ претходно за Телма изјави дека Ѓорчевски пред судот се изјаснил дека не познава никој од осомничените и дека нема доволно докази за кривичното дело за кое се товари.

Љупчо Палевски Палчо кој е во екстрадициски притвор во Турција е осомничен дека ја убил 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.  Се очекува набрзо Палевски да биде екстрадиран во земјава откако завршија судските процедури во Беликесир каде беше уапсен.

Палевски, според исказите на останатите осомничени, им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе