Вести Македонија Топ вести

КОД: Мрежата на босот од Грчец се ширела и низ институциите за гонење на криминал

Дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство. При полициската истрага се користени податоци од апликацијата „Скај“ која на криминалците им служела да ги сокријат плановите и доказите пред органите на прогонот.

Но, со странска помош, податоците од „Скај“ се предадени на МВР по што се утврдени многу докази за злосторства на групата Грчец. Во Македонија имало околу 1.800 телефони со апликација Скај за енкриптирање односно шифрирање на комуникацијата, а сега истрагата се шири и на полицајци, началници, судии и обвинители за кои има сомнежи дека соработувале и давале податоци на групата.

Во КОД вечерва и за решените злосторства на групата Грчец, но и за нерешените убиства по скопските улици во битката за нарко пазарот во главниот град. КОД вечерва и открива како и од каде стигнала првата трансакција на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети за купување на Соравиа.

Емисијата е во редовниот термин во 19:15 по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе