Вести Македонија Топ вести

Привршува подготовката на Граѓанскиот законик, кој според универзитетските професори е историски проект во македонското право

Подготовката почна пред 13 години а годинава се гледа крајот на Граѓанскиои законик, со кој во еден законски документ ќе се регулираат сите правни прашања на граѓаните од раѓање до смрт.

Со Граѓанскиот законик ќе се надминат досегашни правни празнини и законски решенија  стари 3 до 4 децении смета професор Ристов. Реформа ќе има во многу области.

Македонскиот граѓански законик се прави по моделот на германскиот, кој е стар повеќе од 1 век. Поддршката во процесот доаѓа од Германско друштво за меѓународна соработа (ГИЗ ) кое е владина организација.

Придобивките за Германија се продлабочување и олеснување на соработката, за Македонија – германското искуство и знаење, сметаат од ГИЗ.

Граѓанскиот законик е еден од нашите клучни законски документи кој ги организира сите односи во општеството. Почнува со семејно право но и правото на сопственост,  кога имаме договори меѓу себе кој за што има право и кога влегувме правни односи со некого. Затоа е клучен документ за функционирање на општеството, изјави дирекорот на ГИЗ за Македонија Давид оберхубер.

Универзитетски професори, судии адвокати и нотари деновиве  дискуртираа за еден од петте дела кои ќе го сочинуваат граѓанскиот законик. Експертите од комисијата, очекуваат до средината на годината да  биде завршен нацрт текстот кој потоа ќе оди на поширока дебата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Зоран Јовановски: Запалениот автомобил е порака од криминалците

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе