Вести Македонија Топ вести

Блокада на улици доколку не се избере член на ДИК, најавува Европскиот сојуз

Европскиот сојуз за промени го засилува барањето за член во ДИК. Бојкотот на собраниската работа може да се прелее на улиците со масовни собири и блокади. Стравуваат дека развлекувањето на изборот и проблематизирањето која партија треба да го предложи седмиот член на комисијата, ги наведува на мислата дека се подготвува фалсификат на изборите.

Здружената опозиција на Албанците бара веднаш да заседава Комисијата за избори и именувања, а потоа точката да се стави на дневен ред на пленарна седница.

Очекуваат подобра соработка со новиот спикер Јован Митрески и разбирање дека другиот кандидат не е претставник на опозицијата.

И ВМРО-ДПМНЕ смета дека неизборот на седмиот член на ДИК остава простор за сомнежи, а предлагањето двајца кандидати од Комисијата за избори и именувања води кон ризик ниту еден од нив да не го добие неопходното двотретинско мнозинство.

Од СДСМ доаѓаат оптимистички тонови. Веруваат дека многу бргу, пред да се распишат изборите, ДИК ќе биде комплетирана.

Местото во ДИК е празно цела година, откако Кренар Лога стана министер за правда. Пред Нова Година, Комисијата за избори и именувања, изборот го сведе од 5 на две имиња: Абдуш Демири од Европскиот сојуз за промени и Зулфи Адили од Алијанса, но по предлог на Европската демократска партија на Аријанид Хоџа.

Изборот на член во ДИК ќе ги позиционира партиите: кои се двете најголеми владеачки а кои се двете опозициски партии. Освен членство во ДИК, неформалниот статус на втора опозициска, носи соодветна застапеност во избирачките одбори но и поделба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање.

Според сегашниот Изборен законик, 45 одсто од рекламното време го делат двете најголеми владеачки партии, а другите 45 одсто двете најголеми опозициски партии. 7 одсто ги делат другите парламентарни партии, а само 3 одсто добиваат вонпарламентарните. Освен ако законот не се смени.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Кина: Обидите за воспоставување независност на Тајван се осудени на неуспех

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе