Вести Македонија

Комуналните претпријатија се дават во долгови

Енергетската и економската криза се причина за дополнителното зголемување на долговите на комуналните претпријатие во земјава. Тешко им оди да справувањето со финансиските загуби и отплатата на долговите, а на дел од нив и исплатата на платите на вработените.

Вработените во виничкотото претпријатие „Солидарност“ вчера ја зедоа ноемвриската плата за лани. Директорот на претпријатието вели дека дополнителен проблем ќе имаат и со новиот раст на минималната плата во март годинава.

Виничкото комунално претпријатие „Солидарност“ има висок процент на наплатата на водата за пиење. Очекуваат на Седница на Совет да помине и новата одлуката, со којашто е предвидено да се покачи цената на водата, за да имаат дополнителен прилив на средства.

Лани голем дел од комуналните претпријатија воведоа мерки, за да се справат со финансиските долгови, дел и годинава нема да вработуваат во администрацијата, а исто така нема да исплаќаат и прекувремени часови.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами останува градоначалник, министерските позиции резервирани за други

Дејан Дејан

Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината

Дејан Дејан

В среда прегласување во седум избирачки места, шест се во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе