Вести Македонија Топ вести

Злоупотребени се и логоа, потписи и печати на добавувачи на поголемиот дел од фактурите – Лукаревска за обидот на три нафтени компании за испумпаат 2,6 милиони евра од буџетот по основ на поврат на ДДВ

Злоупотребени се и логоа, потписи и печати на добавувачи на поголемиот дел од фактурите, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменика претседателка на СДСМ, во вечерашното издание на Топ тема на Телма ТВ во врска со истрагата за три даночни обврзници од нафтениот бизнис кои се обиделе со лажни фактури да испумпаат 2,6 милиони евра од државниот буџет.

„Тука ни се отвори уште еден сомнеж, бидејќи истите тие немаат реагирано. Книговодствено, ако некаде имаме влез, мора да имаме излез од другата страна. Тоа всушност е основата на даночното работење.Сме утврдиле дека имаме 80 фактури. На пример, во книговодствената евиденција на еден добавувач е прокнижена само една излезна фактура, чија вредност е за, речиси, 43 пониска од износнот на книжените влезни фактури кај даночниот обврзник во третиот случај“, соопшти Лукаревска.

Три нафтени компании од кумановско-липковскиот регион со фиктивни фактури сакале по основ на поврат на ДДВ да испумпаат од буџетот над 2,6 милиони евра. Управата за јавни приходи денеска објави детали за шемата на овие правни лица, преку која се обиделе да нанесат штета на државната каса, која ја полнат и граѓаните и фирмите. УЈП утврдила и дека направиле и затајување на данок на личен доход во износ од над 300.000 евра. Кај првата компанија потоа како сопственик и управител се јавува државјанка од Хрватска, а кај другите две државјанин од Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе