Вести Македонија Топ вести

ВМРО – ДПМНЕ денеска поднесува иницијатива до Уставниот суд за личните документи

ВМРО-ДПМНЕ денеска  ќе поднесе претставка до Уставниот суд за ставање вон сила на законот за промена на личните документи.

Од партијата велат дека Уставниот суд ако сака да ја реши работата, може веднаш да свика седница и да ја стави вон сила законската уредба со која старите лични документ престануваат да важат на средината на февруари.

Ова следува откако стана јасно дека до следниот месец е невозможно сите граѓани да ги променат личните документи и да извадат нови со новото уставно име.

Денеска со реакција и од Демократски сојуз. Бараат Владата да изнајде решение за проблемот со личните документи. За гужвите и малтретирањето на граѓаните пред шалтерите на МВР мора да се најде решение, но и мора Владата и ресорните министри да понесат одговорност велат од партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе