Вести Македонија Најважни

Нападнат во М-НАВ вратен од граница да даде исказ како сведок и оштетен, Кривичен се правда дека Обвинителството не доставило докази од ОЈО Скопје велат докази има одлуката е неоснована

Еден од нападнатите рботени во М-нав  вчера вечер бил сопрен да излезе од државата на граничниот премин Долно Блаце кон Косово. По инцидентот на работното место,  полицијата не можела да го најде 39 годишниот скопјанец за да го сослуша како сведок и оштетен. Вчера откако го лоцирле на граница бил спречен да замине и дал исказ, објаснуваат од МВР за Телма

Во координација со јавен обвинител изврешн е службен разговор со него и е пуштен, но по наредба на обвинителот треба да биде достапен за идните истражни дејствија, велат од МВР.

Неговото приведување се најде и во полицискиот билтен но без дополнително образложение .

Зошто оштетениот бил недостапен за истражните органи неколку дена и зошто сакал да излезе од државта се две битни прашања на кои нема за сега официјален одговор и објаснување.

Но тука е можеби одговорот дилемата -Зошто не бил сослушан оштетениот, која ја отвори Кривичниот суд во соопштението во кое објаснува зошто одбил да им определи притвор на Беким Незири од чаирскиот огранок на ДУИ и уште 3 ца осомничени.

Од страна на  ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата, пишуваат од Кривичен суд.

Кривичниот суд не спори дека постои кривично правен настан но ги  спори доказите. Од нив велат не произлегло  дека осомничените со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, или воздухоплов како се наведува во кривичното дело загрозување на безбедноста на водушниот сообраќај ( чл 303 од КЗ)

Судот во одбрана на својата одлука ја посочува и изјавата на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев дека не постои нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното  кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид, пишуваат од Кривичен.

 За обвинителството нема дилемa дека загрозување на безбендоста на воздушниот сообраќај е соодветно дело за нападот во М-НАВ. Велат обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и врз оштетените, но и врз осомничените кои се уште се недостапни, како и да го повторат делото.

Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување, реагираа од скопското основно обвинителство

Кривичен наместо притвор им определи мерки на препазливост на четворицата осомничени.

Во ситуација кога  и уште  4 други осомничени се недостапни, обвинителството бараше притвор за да не избегаат да не влијаат врз истрагата или врз сведоците. Судиите им определиле забрана за напуштање на Скопје,  обврска да се јавуваат во судот, им се одземаат пасошите и им се забранува да комунцираат со тепаниот и меѓу себе. Но со овие мерки осомничените мегу кои и Незири,  можат да одат на работа во М-НАВ- местото каде е стоорено кривичното дело каде што има и докази и сведоци.

За обвинителството одлуката на Кривичен е неоснована и сите забелешки ги напишале во жалбата по која од вторник ќе треба да одлучуваа кривичен совет составен од тројца судии.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе