Свет Топ вести

Родителите на децата од белградското училиште „Рибникар” излегоа на протест

Преку протести својот револт го изразија денеска родителите на децата кои беа убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај.

Родителите, но и други граѓани, оставија цвеќе и запалија свеќи пред училиштето, јави Нова ТВ.

Пред училиштето има граѓани од сите возрасти јавија белградските медиуми. На 3 мај ученикот К.К влезе во училиштето и пукаше при што уби девет деца и чувар.

Родителите истакнаа дека се собрале да им порачаат на властите да бараат правда за сите деца кои беа убиени во „Рибникар“, но и за жртвите кои само еден ден подоцна беа убиени во Дубона и Мало Орашје. Тие рекоа и дека бараат безбедност на децата во сите училишта. Според нив, државата не направила ништо од 3 мај за безбедноста на децата и се уште не одговара на апелите на родителите. Бараат, како што велат, јасни и недвосмислени одлуки.

Министерството за образование им препорача на сите образовни институции да не организираат прослави по повод новогодишните празници. Тоа не треба да го прават, имајќи ги предвид невините жртви на двете масовни убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац, велат од министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе